На Саемот на книгата „Полица“ го промовира своето ново издание, драмски избор од Горан Стефановски, кој ги опфаќа драмите: „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Баханалии“ и „Демонот од Дебар Маало“.
-Драмскиот автор, писател, драматург, професор, човекот Горан Стефановски, ни е повеќе од потребен во вакви (не)времиња, поради неговиот отворен дијалог со разнокултурието околу нас, поради неговиот нецензуриран монолог со себе и сопственото творештво, поради неговиот луциден, јасен, интелигентен јазик…, пишуваат во најавата на настанот организторите.
За Горан Стефановски и за неговите драми на Саем ќе зборува Ана Стојаноска.