Изабел Ипер – специјална гостинка на „Браќа Манаки“

Од:

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ годинава, на 34-то издание од 14-ти до 20 септември во Битола, ќе понуди 74 наслови од светската и од македонската кинематографија, под мотото „Пушти ја светлината“.

Во главната селекција се 12 филмски остварувања во трка за трите „Камера 300“, наградувани филмови и прикажани на најновите изданија во Берлин, Кан, Карлови Вари и од ланската Венеција.

Специјална гостинка на 34-тото издание е француската актерка Изабел Ипер, која ќе ја добие и наградата за посебен придонес во светската кинематографија.

Ова денеска на прес-конференција го соопшти директорката на фестивалот Лабина Митеска која рече дека во чест на Ипер ќе биде претставен филмот „Home“. Ипер пристигнува на 19. септември, а ќе остане во Битола до 21. септември.

– Ипер е добитничка на 57 филмски и други награди. На затворањето на фестивалот го имаме и директорот на фотографија Арнеш Годар. Ќе имаме најдобра година на фестивалот, рече Митевска.

Александра Бубевска

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата