Ископувања на археолошкиот локалитет Мали Дол, неготинско

Од:

Музејот на град Неготино под покровителство на Министерството за култура, а во соработка со Археолошки музеј на Македонија, учествува во ископувања на археолошкиот локалитет Мали Дол во село Тремник, неготинско. Ископувањата се одвиваат под раководство на кустосот археолог Александра Папазовска Санев.

Ова денеска го истакна директорот на Неготинскиот музеј, Ристе Марков, кој рече дека првични податоци за таа некропола се добиени од сопственикот на нивата, кој при изградба на штала наишол на камени конструкции и при тоа пронашол две бронзени игли кои ги пријавил во музејот.

– Со мала интервенција во 2008 година, музејот истражил четири гроба-цисти, од кои две биле видливи на површината на теренот, а другите растурени. Биле пронајдени уште две бронзени игли и една килибарна перла кои датираат од крајот на бронзеното време (XII век пред н. е.), потсети Марков.

Археолошки ископувања со заштитни мерки, посочи тој, се одвивале и во текот на 2009, 2011, 2013 и 2015 год. Од страна на Археолошки музеј на Македонија во соработка со Музеј на град Неготино, на мошне ограничен простор ограден со градинарски култури и винова лоза, се откриени вкупно 60 гробови.

– Откриени се два хоризонти на погребување: помладиот кој е претставен со гробови кои датираат во средниот век, XI-XII век, и постариот хоризонт на погребување претставен со погребувања во урни и камени цисти од типот на рамни некрополи организирани во редови, кои датираат од преодниот период од бронзено во железно време, XII-XI век пред н.е. Овие гробови ја претставуваат периферијата на некрополата, која се шири кон исток и југ. Во рамки на оваа некропола среќаваме биритуалност во погребувањето, при што доминираат погребувања со згрчена инхумација, објасни Марков.

Што се однесува до гробните прилози, додаде тој, најзастапена е керамиката која е составен дел од погребните ритуали, но има и бројни лични предмети приложени како гробни прилози од типот на женски накит или машки тоалетен прибор.

– Во овогодинешната кампања се открија 12 погребувања, од кои 5 беа погребувања во урни, а останатите камени цисти, со мноштво на керамика: кантрароси, амфори, длабоки чинии и кујнска керамика, нагласи Марков.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска