„Исцелител“ во натпреварувачка конкуренција на „Бергамо филм митинг“ во Италија

Од:

„Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески е избран во официјалната конкуренција на 36-тиот меѓународен филмски фестивал „Бергамо филм митинг“ во Италија, во која ќе се натпреварува заедно со шест други филмови.

Фестивалот во Бергамо се одржува од 10-ти до 18 март. „Исцелител“ ќе биде прикажан на првата натпреварувачка вечер, а во наредните денови ќе има уште едно прикажување, соопшти продукцијата Фрагмент филм.

На годинашниот фестивал ќе бидат прикажани повеќе од 150 долгометражни, документарни и кратки филмови, а ќе има и работилници, филмски маратони и изложби. Оваа година ќе има ретроспектива и изложба на фотографии посветени на норвешката актерка Лив Улман која е специјален гостин на фестивалот.

По повод педесетгодишнината на Прашката пролет во фокус ќе бидат „Бунтовнивниците од 1968“, програма која ќе прикаже седум филма од „Новиот бран“ на чешко-словачката кинематографија.

Во официјалната програма заедно со „Исцелител“ се добитникот на награда на фестивалот во Трибека „Смрзната мајка“ на Бодан Слама, добитникот на награда на филмскиот фестивал во Атина „Мобилни домови“ на Владимир Де Фонтенау..

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата