Институтот „Крсте Мисирков“ ќе го одбележи Светскиот ден на мајчиниот јазик

Од:

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик кој светот го прославува на 21 февруари, прогласен од УНЕСКО на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година.

На настанот ќе се обратат градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, директорката на Институтот Елена Јованова-Грујовска и проф. д-р Снежана Веновска-Антевска.

Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам. Датумот е избран во спомен на трагичен настан и во чест на студенти од Универзитетот во Дака, кои како учесници на бенгалското јазично движење биле убиени од полицијата на протест на 21 февруари 1952. Протестот бил против одлуката на владата на новоформираната држава Пакистан во 1948 – урду да стане единствен официјален јазик во земјата која била поделена на голем број етнички и лингвистички групи, а најголем број од жителите биле Бенгали со мајчин бенгалски јазик.

Во Декларацијата на УНЕСКО за културна разновидност, меѓу другото, е наведено правото на секоја личност да се изразува и да создава на јазик што ќе го избере, а особено на мајчин јазик.

На половината од околу шест илјади јазици што се зборуваат во светот им се заканува исчезнување, а во околу 200 земји се зборува за мали јазици кои се соочуваат со предизвик да бидат зачувани. Во последните три века изумираат или драматично се намалува бројот на јазици, особено на американскиот и на австралискиот континент.

Покрај Меѓународниот ден на мајчиниот јазик (21 февруари), се одбележува и Денот на европските јазици (26 септември). Во 1998 година стапи во сила Европската повелба за заштита на регионалните и малцинските јазици со која, исто така, се потенцира лингвистичката разновидност и повеќејазичноста.

Би можело да ве интересира

Маричиќ: Македонскиот јазик е засекогаш вграден во мозаикот на европските јазици, а ние никогаш нема да се откажеме од нашата европска иднина

A1on

Донесен Законот за употреба на македонскиот јазик кој ќе го замени досегашниот стар 25 години

Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик не е и нема да биде прашање за преговори или компромиси

Мојсова-Чепишевска: Уште утре треба да почне новото поглавје на развојот на македонистиката во Риека

Ана Ололовска

Институции и културно-историски знаменитости вечерва ќе бидат обоени во чест на македонскиот јазик

Ана Ололовска

Чествување на македонскиот јазик во УКИМ, доделени признанија за придонес за афирмација на македонистиката