Инспиративна изложба од студентите на програмата за графички дизајн од Monday Learning за „Трчај Бе“

Од:

И оваа година 15 студенти од тренинг-програмата за графички дизајн по втор пат одговорија на предизвикот да ја визуелизираат едноставната љубов кон трчањето и да ги инспирираат љубителите на предизвици да се вклучат на овогодинешниот „Трчај Бе“.

Со внимателно смислена креативна кампања, потенцирајќи го духот на градот Битола студентите направија успешен спој помеѓу наученото и идејата за „Трчај бе“. Секој на свој уникатен начин си најде место во оваа убава приказна, велат од програмата.

– Многу сме задоволни од овогодинешниот импакт кој го постигнаа студентите со дизјните за Трчај Бе. Синергијата помеѓу Monday Learning и Трчај Бе е неверојатна и затоа креативните идеи лесно навираат. Драго ни е што студентите работеа на една толку креативна кампања, каде максимално ги употребија сите алатки научени за време на програмата за графички дизајн. После само 3 месеци интензивен тренинг, решенијата за кампањата се навистина на напредно ниво и покажуваат дека и тоа како има голем креативен потенцијал во идните графички дизајнери. На вчерашната изложба која се случи во Центарот за култура – Битола сведоци бевме на позитивните реакции и за одличниот резултатот кој го имаше целата кампања. Мотивирани сме се повеќе на ваков начин да влијаеме врз културата на градот и да дадеме поттик што е можно повеќе луѓе да се приклучат на иницијативата – вели Николина Цветановска од тренинг-центарот.

Monday Learning“ е remote тренинг центар за програми од областа на графички дизајн, дигитален маркетинг и фриленсинг. Нивната мисија е да профилираат луѓе кои учат за да создаваат, а “оваа генерација млади дизајнери повторно го покажа тоа, преку кампањата за „Трчај бе.“

Трката „Трчај бе“ годинава се одржa на 4 септември и воедно е и Национално првенство во полумаратон.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“