Информативни сесии за конкурсот за наградата „Вавилон“ за млади преведувачи

Од:

Здружението на преведувачи и толкувачи (ЗПРМ) соопштти дека до крајот на годинава ќе има две информативни онлајн-работилници за конкурсот за наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“ (25  ноември и 10 декември), на кои учесниците ќе може да се информираат за критериумите за учество, процесот на оценување, придобивките од учеството и освојувањето на наградата.

ЗПРМ и Делегацијата на ЕУ во септември го објавија осмиот Конкурс за наградата „Вавилон“ кој ќе трае до 4 април 2021.

Во рамки на промотивните активности, покрај онлајн-работилнците ќе има и дискусија со искусни книжевни преведувачи, на која ќе бидат споделени искуства и корисни совети на што треба да се внимава при преведувањето. Ќе биде објаснето и како студентите да изберат дело што ги исполнува критериумите за конкурсот. По презентацијата и дискусијата, учесниците ќе имаат можност да преведат текст во координација со искусен преведувач од конкретната јазична комбинација што тие јаизбрале. Сите новини во врска со работилниците тековно ќе се објавуваат на Фејсбук.

Повеќе информации за наградата „Вавилон“ тековно се објавуваат и на веб-страницата https://babylon.mk, каде што на македонски, албански и англиски јазик се појаснети критериумите за учество на конкурсот, а има и електронска пријава на страницата на Фејсбук и на Инстаграм.

Наградата „Вавилон“ е наменета за млади преведувачи на возраст до 26 години, државјани на Република Северна Македонија, кои преведуваат од официјалните јазици на Европската Унија на јазиците што се зборуваат во државата.

Во септември годинава наградата беше доделена седми пат. Досега се доделни 12 први награди – седум за преводи на македонски, две први награди за преводи кон турски и три први награди за преводи кон  албански јазик.

Конкурсот се организира во форма на натпревар, при што кандидатите испраќаат преводи на извадоци од прозни книжевни дела по свој избор во должина од 3000 до 5000 зборови. Според условите во конкурсот, делата треба првично да се објавени во земја-членка на ЕУ најмногу три години пред рокот за поднесување на пријавите и да не се преведени на целните јазици опфатени во конкурсот.

Би можело да ве интересира

Награда од Сојузот на литературните преведувачи за Љубица Стојковска

Резиденции за книжевни преведувачи од македонски јазик

Ана Ололовска

Одбележување 10 години од постоењето на Здружението на преведувачи и толкувачи

Ана Ололовска

Се слушна гласот на знаковните толкувачи: И ние живееме во трема и страв, но не смееме да ги вознемириме глувите лица

Мери Јордановска

Преведувачите бараат да бидат опфатени со мерките на Владата

Ана Ололовска

Годишно собрание на Здружението на преведувачи и толкувачи

Ана Ололовска