Одбележување 10 години од постоењето на Здружението на преведувачи и толкувачи

Од:

Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Северна Македонија (ЗПРМ), основано во декември 2010 година согласно со Законот за граѓански здруженија и фондации, од страна на 10 угледни слободни преведувачи и толкувачи и професори, денеска ќе ја одбележи својата десетгодишнина преку електронската платформа ZOOM.

Мисијата на здружението е да воведе професионални стандарди на пазарот во земјава, да работи на професионалниот развој на своите членови и да создава позитивна перцепција за професиите „преведувач“ и „толкувач“ меѓу припадниците на професијата, потенцијалните клиенти и пошироката јавност.

Како што е најавено, на денешното одбележување за почетоците на Здружението ќе говорат претходните претседателки, а актуелната претседателка ќе ги пренесе плановите за во иднина.

Ќе биде промовирано и посебно видео подготвено за 10-годишнината на Здружението.

Би можело да ве интересира

Награда од Сојузот на литературните преведувачи за Љубица Стојковска

Резиденции за книжевни преведувачи од македонски јазик

Ана Ололовска

Информативни сесии за конкурсот за наградата „Вавилон“ за млади преведувачи

Ана Ололовска

Се слушна гласот на знаковните толкувачи: И ние живееме во трема и страв, но не смееме да ги вознемириме глувите лица

Мери Јордановска

Преведувачите бараат да бидат опфатени со мерките на Владата

Ана Ололовска

Годишно собрание на Здружението на преведувачи и толкувачи

Ана Ололовска