Резиденции за книжевни преведувачи од македонски јазик

Од:

Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Превод во движење“ (Translation in Motion) организира резиденција за литературнит преведувачи кои преведуваат од македонски јазик на јазиците на земјите-членки на Европската Унија.

Конкурсот за пријавување е отворен до 30 април 2021 година.

„Превод во движење“ е програма чија цел е збогатување и засилување на протокот на преведената литература во Европа и особено меѓу земјите од Западен Балкан и земјите-членки на Европската Унија.

Препознавајќи ги литературните преведувачи како влијателни и клучни амбасадори на културниот дијалог, оваа програма обезбедува меѓународна мобилност и професионален развој на литературните преведувачи.

Од „Готен“ посочуваат дека во рамки на резиденцијалниот престој, преведувачите ќе имаат можност да работат на книжевен превод, одблиску да го запознаат оригиналниот јазик, да продолжат да го истражуваат, како и да ја зголемат својата видливост преку поврзување со локалната литературна сцена и претставување на својата активност пред публиката.

Во рамки на програмата можат да се пријават литературни преведувачи кои преведуваат од македонски јазик на јазиците на земјите-членки на Европската Унија.

За време на резиденцијалниот престој, од преведувачите се очекува интензивно да работат на литературниот превод со кој аплицирале за програмата, да учествуваат во настаните или активностите на организацијата што ја организира резиденцијата и да соработуваат со колегите од книжевната сцена.

Издавачката куќа „Готен“ нуди бесплатно сместување, покривање на патните трошоци и месечна стипендија за покривање на трошоците за живот во висина од 800 евра (бруто износ).

Апликациите за резиденциите кои ќе се реализираат во периодот меѓу мај и декември 2021 година треба да бидат испратени најдоцна до 30 април 2021 година. Апликациите за резиденциите во Скопје се праќаат на следната електронска адреса: [email protected].

Кандидатите треба да испратат писмо на интерес во кое се објаснети причините за нивното конкурирање за резиденцијата (не подолго од 1 страница), опис на книжевниот превод на кој ќе работат (не подолг од 1 страница) и CV.

Апликациите можат да бидат напишани на англиски и македонски јазик.

Управниот одбор на проектот „Превод во движење“ ќе изврши избор од пристигнатите апликации, а резултатите ќе бидат објавени најдоцна до 15 мај 2021 година.

За Скопје во 2021 година се планирани 2 резиденции, а за 2022 година 3 резиденции.

Во контекст на состојбата со КОВИД-19, сите датуми за резиденцијален престој се условни и ќе зависат од укинувањето на ограничувањата за меѓународни патувања и состојбата во нашата земја. Издавачката куќа „Готен“ ќе осигури дека се преземени сите заштитни мерки, во согласност со упатства на официјалните институции.

„Превод во движење“ (Translation in motion) заеднички проект фокусиран на резиденцијални престои за преведувачи финансиски поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Одбележување 10 години од постоењето на Здружението на преведувачи и толкувачи

Ана Ололовска

Информативни сесии за конкурсот за наградата „Вавилон“ за млади преведувачи

Ана Ололовска

Преведувачите бараат да бидат опфатени со мерките на Владата

Ана Ололовска

Годишно собрание на Здружението на преведувачи и толкувачи

Ана Ололовска

Прва меѓународна конференција на преведувачи

Ана Ололовска