„И јас сум тука“ – изложба на фотопортрети на лица со интелектуална попреченост

Од:

Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“ ја најави изложбата на фотопортрети „И јас сум тука“, која ќе биде отворена утревечер во Кинотеката. Во изложбата се вклучени 20 лица со посебни потреби од повеќе градови од државата на различна возраст, а портретите се придружени и од приказни посветени на нив.

Тоше Огњанов е автор на фотографиите, а Сребра Ѓорѓијевска на приказните.

На отворањето на изложбата ќе се обрати амбасадорката на Шведска во земјава, Кристин Форсгрен Бенгтсон.

Според авторите, „И јас сум тука“ е поважно патување за сите нив да се свртат кон себе и кон другиот, да го погледнат другиот и да му ја почувствуваат душата, која многу често е повредувана.

-„И јас сум тука“ е едно големо патување и за нас. Се роди од потребата да зборуваме гласно за луѓето што се меѓу нас, а кои понекогаш се правиме дека не ги гледаме, ниту сакаме да ги слушнеме. Да зборуваме гласно и без грутка во грлото за луѓето што само сакаат да бидат поздравени, почитувани, сакани, да бидат дел од целото. Предрасудите лесно се создаваат, а тешко се надминуваат, сметаат авторите.

Целта на проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“ е да се смени стереотипното однесување кон луѓето со попреченост, да се намалат стигмите и да се крене свесноста за интелектуалната попреченост, вели Ануки Стуруа, проект-менаџер на „Децата не се раѓаат со предрасуди“.

Основач на проектот е театарскиот режисер, продуцент, сценарист Пер Јохансон.

По отворањето на изложбата ќе биде прикажан документарниот филм „Модна ревија: Од ’Глада Худик‘ до Њујорк“ во режија на Јохан Ског.

Како што соопштија од тимот на „Литера“, станува збор за популарен филм во Шведска во кој учествуваат актерите од театарот „Глада Худик“, на кои им се остварува животниот сон да учествуваат на модна ревија во Њујорк. Сценариото е на Терезе Брингхолм, Лиа Сидерштром, Јохан Ског. Улогите ги толкуваат: Ема Ертлунд, Никлас Хилберт, Пер Јохансон, Ида Јохансон, Аника Гранлунд Јонсон и др.

Инаку, задутре во Кинотеката ќе биде промовирана и книгата „И јас сум тука“. Гостинка на настанот ќе биде Ануки Стуруа, проект менаџер на „Децата не се раѓаат со предрасуди“, а модератор на промоцијата ќе биде Александра Јуруковска.

На настанот ќе биде промовиран и македонскиот превод на „Не престанувајте да се гушкате“ од Оса Емрот, книга со цитати на актерите од театарот „Глада Худик“ од Шведска.

„И јас сум тука“ е дел од проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“, чиј иницијатор е театарот „Глада Худик“ од Худиксвал, Шведска, со поддршка на Шведскиот институт. Ова е проект кој во Шведска од 2014 година дал одлични резултати во борбата против предрасудите, а во Македонија се спроведува од 2020 година. Здружението „Солем“ преку разни активности се вклучи во проектот за што повеќе деца во земјава да бидат опфатени.

Изложбата ќе биде отворена три недели, а филмот ќе биде прикажан на 3, 18 и 19 ноември во Кинотеката.

Би можело да ве интересира

Уставен ја укина одредбата од законот според која на лицата со тешка попреченост над 65 години не добиваа парична помош

Орце Костов

Владата ја усвои Новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ: Се загуби 70-годишната траекторија во образовниот процес на лицата со попреченост

МТСП: Лицата со попреченост заслужуваат подеднакво можности за развој, затоа оваа Влада континуирано инвестира и во социјалната заштита

Влада: Започнува процесот за креирање на нова Национална стратегија на лицата со попреченост

А1он

Тренчевска: Преку соработката со граѓанските организации обезбедувaме поддршка за сите граѓани​

А1он