Хуманитарна „Алиса во земјата на чудата“ во Драмски

Од:

Во Драмски театар денеска на пладне ќе биде одиграна „Алиса во земјата на чудата“, првата детска претстава на драмското студио „5+“.

Во претставата, покрај децата – членови на студиото, ќе учествуваат и Петко, Мина, Цветко и Комшо.

Претставата е според познатиот текст на Чарлс Лутвиг Доџсон, а го адаптираа и режираа едукаторите од „5+“ Александра Стојановска и Филип Кипровски.

Изборот на музиката го направи Влатко Галевски, а на сцената ќе може да се видат и специјално дизајнирани видео анимации, продуцирани од „5+“ продукција.

Парите собрани од билетите кои чинат по 100 денари, се наменети за Дневниот центар за децата со посебни потреби во Битола. 

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска