Дино Рамо е лице со атипичен развој. Тоа не му пречи да „растура“ на тапани! Но, му требаат нови тапани зашто старите му се уништени од „лупање“. Бидејќи Дино не може да си ги овозможи, решивме на 1 април да направиме хуманитарен настан и како од шега да собереме пари и да му ги купиме новите тапани, велат од Театар Пи.
Хуманитарниот настан ќе го организираат Театар Пи и Арт Бригада во сабота во Бруталикс.
– Ќе има поставено кутија, а супер ентузијасти кои прифатија да помогнат во остварувањето на сонот на Дино, ќе ве забавуваат цел ден, додаваат од Театар Пи.
Програма:
11: 00 – 13:00 – Детски маскенбал
14:00 – Гудачко трио: Билјана, Љубица, Александра
14:30 – Stringendo
15:00 – Васил Ангелов & Band
16:00 – Дино Рамо- Drum Jam Session
17:00 -Црно Собрание
18:00 – Симон Киселички
19:00 – Бојан Кирковски- Stand up
20:00 – Џијан Емин & Шлиц
Водител на целодневниот настан е актерот Игор Ангелов.
За оние кои ќе бидат спречени да дојдат, а сакаат да помогнат можат преку жиро сметка.
Сметка за донации:
Центар за изведувачки уметности и едукација Театар Пи
Жиро сметка: 200002429693434 Стопанска банка
Цел на дознака: Тапани за Дино