„Изеди ме“ е брутално театарско дело за канибализам.

Од:

Театарскат претстава „Изеди ме” е авторско дело на Златко Митрески и Македонка Илиевска како реакција на еден шокантен вистински случај во Германија, кога инженерот Армин Мајвес постира на интернет дека бара „убав, млад, интелигентен, атлетски маж, за да го изеде”.

На поканата, по сопствена желба / преседан во историјата на западната цивилизација / прифатил еден компјутерски програмер Јирген Брандс, кој е изеден од Мајвес.

„Изеди ме” не ја буквализира фактологијата и не се бави со булевардноста на случката, не бара евтина сензација, а ги бара корените, мотивација, во ткивото на самата цивилизација, во моделите на размислување, натпревар и поделба, кои што таа ја наложува; претставата ги истражува причините и меѓучовечките односи.

Во таа смисла ова дело е филозофско, отворено, чесено, брутално. Игрово и забавно проникнување во природата на машко-женските односи. Тоа е и социјалната метафора и критика на нео-либералниот капитализам во кој живееме по дарвиновиот принцип “јади за да не бидеш изеден”.

Во Случајот „Изеди ме”има сепак и многу хуманизам и верба во човечкиот дух. Потребата од љубов и потрага по неа. Пиесата ја соголува човековата осаменост и биолошката детерминираност, но и наоѓа топлина и смисла и ја остава публиката позитино шокирана и наполнета. Функционира преку принципот „предупреден значи вооружен”. 

Премиерата ќе се оддржи на 29.12.2022 година во Ценмтарот за култура во Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

Хуманитарен настан на Театар Пи и Арт Бригада: Да го оствариме сонот на Дино

Ана Ололовска

Театар Пи на Златко Митрески и Македонка Илиевска со нова театарска престава „Чудата во Алиса“

Ана Ололовска

Mултимедијален настан на Театар Пи – „Чудата во Алиса“

Ана Ололовска

Театар Пи на фестивалот ДАФ 2022 во Кочани

Ана Ололовска

„Прозорците што се смеат“ – мултимедијална кампања на „Театар Пи“ за лицата со интелектуална попреченост

Ана Ололовска

Театарски мултимедијален перформанс „ОКСИГЕН“

Ана Ололовска