Театар Пи на фестивалот ДАФ 2022 во Кочани

Од:

Театарската претстава „Ништо не е страшно“ во режија на Златко Митрески и Македонка Илиевска ќе биде дел од Драмскиот театарски фестивал ДАФ во Кочани 2022. Претставата ќе се одржи на 24 мај со почеток од 19 часот.

Претставата е резултат на работилници што се реализираа во текот на целата година. Таа е последниот дел од целогодишната кампања за инклузија на лица со интелектуална попреченост во културата со наслов „Мене ништо не ми пречи“.

Оваа претстава низ една забавна игра, со елементи на мистика, трилер, на моменти во хорор жанр како и црн хумор се занимава со цикличноста на животот и смртта. Еднаквоста на типичното и нетипичното кое што се раѓа и умира на ист начин, но сепак додека е живо се третира како непознато, различно, маргинализирано. Претставата е создадена во процес и анализа врз темата за смртта со ученици за кои беше една табу тема, од една страна, но од друга страна доста поучна и забавна.

Во претставата учествуваат лица со интелектуална попреченост од ЦПЛИП Порака Скопје и ученици со типичен и атипичен развој од училиштата од општина Ѓорче Петров. Претставата е создадена по текстови на Алан Бол, Олга Токарчук, Милан Кундера, Михаил Булгаков, Фјодор Михајлович Достоевски, Вилијам Шекспир, Давид Албахари, Сања Михајловиќ- Костадиновска и Златко Митрески.

Играат: Никола Огненовски, Виолета Дојчиновска, Лара Бошковиќ, Дино Рамо, Трајанка Петреска, Ана Беќарска, Жаклина Велковска, Христина Димовска, Марија Тасевска, Илина Ристовска, Катарина Ристовска, Стефан Бјелиќ, Сандра Миовска, Ема Петреска, Јасен Угриновски, Стефанија Добреска, Матеа Пејчиновска, Јана Ламбевска и Матеа Геровска.

Би можело да ве интересира

Хуманитарен настан на Театар Пи и Арт Бригада: Да го оствариме сонот на Дино

Ана Ололовска

„Изеди ме“ е брутално театарско дело за канибализам.

Ана Ололовска

Театар Пи на Златко Митрески и Македонка Илиевска со нова театарска престава „Чудата во Алиса“

Ана Ололовска

Mултимедијален настан на Театар Пи – „Чудата во Алиса“

Ана Ололовска

„Прозорците што се смеат“ – мултимедијална кампања на „Театар Пи“ за лицата со интелектуална попреченост

Ана Ололовска

Театарски мултимедијален перформанс „ОКСИГЕН“

Ана Ололовска