Театар Пи на Златко Митрески и Македонка Илиевска со нова театарска престава „Чудата во Алиса“

Од:

Режисерите Златко Митрески и Македонка Илиевска со Центар за изведувачки уметности и едукација Театар Пи со премиера на театарскиот перформанс „Чудата во Алиса“.

– Нашата мултимедијална театарска претстава ја претставува борбата на „детето“ кое се бори да преживее во збунувачкиот свет на возрасните, велат од Театар Пи.

„Базата од која ги земавме темите на кои потоа создававме авторски театар се од „Алиса во земјата на чудата“ на Луис Карол. Сите дваесетиина актери се затворени во еден детски шоу простор во кој доаѓа публиката да биде сведок на нивното стареење. За да го разбере светот на возрасните, сите Алиси треба да ја надминат слободоумноста што е карактеристична за децата. Очигледно, на возрасните им требаат правила за да живеат и очигледно на децата им треба една Алиса која ќе ја фатат за рака и заедно ќе преминат од другата страна на огледалото“, велат од Театар Пи.

Во претставата учествуваат Анастасија Аневска, Јана Ламбевска, Ема Петреска,Вања Димовска, Леона Трајковска, Георги Негровски, Сандра Миовска, Доротеа Атанасоска, Тео Тодоровски, Матеа Ѓеровска, Дарон Угриновски, Јасен Угриновски, Боби Хаџи-Николов, Лара Бошковиќ, Дино Рамо, Трајанка Петреска, Жаклина Велковска, Виолета Дојчиновска и Ана Беќарска.

„Врз база на разработката на „Алиса во земјата на чудата“, во која ги анализиравме „Чудата во Алиса“ учесниците кои се лица со интелектуална попреченост од дневниот центар ЦПЛИП Порака, Скопје и ученици со типичен и атипичен развој од основните училишта Димитар Поп-Беровски, Мирче Ацев, Страшо Пинџур и Јоаким Крчовски низ бројни театарски работилници како и работилници на кои се изработија цртежи, скулптури, инсталации, фотографии со помош на дипломирани педагози по применета уметност.

По нивни идеи и видувања на конкретните ситуации од театарските и психолошките работилници се создаде едно театарско дело кое на 27.12.2022 година од 19:00 во Центарот за култура во Ѓорче Петров ќе ја има својата премиера. Проектот е финансиски поддржан од Министерство за култура и Град Скопје 2022“, се додава во соопштението на Театар Пи.

Би можело да ве интересира

Хуманитарен настан на Театар Пи и Арт Бригада: Да го оствариме сонот на Дино

Ана Ололовска

„Изеди ме“ е брутално театарско дело за канибализам.

Ана Ололовска

Mултимедијален настан на Театар Пи – „Чудата во Алиса“

Ана Ололовска

Театар Пи на фестивалот ДАФ 2022 во Кочани

Ана Ололовска

„Прозорците што се смеат“ – мултимедијална кампања на „Театар Пи“ за лицата со интелектуална попреченост

Ана Ололовска

Театарски мултимедијален перформанс „ОКСИГЕН“

Ана Ололовска