Mултимедијален настан на Театар Пи – „Чудата во Алиса“

Од:

Центарот за изведувачки уметности и едукација Театар Пи со изложба на инсталации, фотографии, лавиринт сензитивен перформанс и концерт на амбиентална музика со наслов „Чудата во Алиса“.

– Нашиот мултимедијален настан ја претставува борбата на „детето“ кое се бори да преживее во збунувачкиот свет на возрасните. За да го разбере светот на возрасните, Алиса мора да ја надмине слободоумноста што е карактеристична за децата. Очигледно, на возрасните им требаат правила за да живеат и очигледно на децата им треба една Алиса која ќе ја фатат за рака и заедно ќе преминат од другата страна на огледалото, велат од Театар Пи.

Врз база на разработката на „Алиса во земјата на чудата“, во која ги анализиравме „Чудата во Алиса“ учесниците кои се лица со интелектуална попреченост, ученици со типичен и атипичен развој од основните училишта Димитар Поп-Беровски, Мирче Ацев, Страшо Пинџур и Јоаким Крчовски низ бројни работилници изработија цртежи, скулптури, инсталации и фотографии со помош на дипломирани педагози по применета уметност.

По нивни идеи и видувања на конкретните ситуации од театарските и психолошките работилници се изработија дела кои ќе имате можност да ги видите на отварањето на изложбата на 10.12.2022 година од 19:00 во Центарот за култура во Ѓорче Петров. Во текот на изложбата ќе има и концерт на амбиентална музика која ќе биде изведувана од повеќе музичари. Ова е прв дел од целогодишниот проект „Чудата во Алиса“. Наскоро следува и моќна театарска претстава со истиот наслов, се додава во соопштението на Театар Пи.

Проектот е поддржан од Министерство за култура и Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Хуманитарен настан на Театар Пи и Арт Бригада: Да го оствариме сонот на Дино

Ана Ололовска

„Изеди ме“ е брутално театарско дело за канибализам.

Ана Ололовска

Театар Пи на Златко Митрески и Македонка Илиевска со нова театарска престава „Чудата во Алиса“

Ана Ололовска

Театар Пи на фестивалот ДАФ 2022 во Кочани

Ана Ололовска

„Прозорците што се смеат“ – мултимедијална кампања на „Театар Пи“ за лицата со интелектуална попреченост

Ана Ололовска

Театарски мултимедијален перформанс „ОКСИГЕН“

Ана Ололовска