Ансамблот за народни песни и игри „Танец“ во соработка со Македонската опера и балет вечер организира хуманитарен концерт за поплавените подрачја во државава.
Хуманитарниот концерт ќе се одржи во салонот на МОБ, со почеток во 20 часот. Цената на билетите е 200 денари.