Хуманитарен концерт на Дино Имери наместо откажаната опера „Мадам Батерфлај“

Од:

Македонската опера и балет соопшти дека се откажува операта „Мадам Батерфлај“ која во рамки на Мајските оперски вечери беше закажана за 28 мај во изведба на Националниот театар на опера и балет на Албанија.

Наместо оваа претстава, ден претходно (27 мај), МОБ ќе организира хуманитарен концерт на пијанистот Дино Имери, со цел да се соберат пари за натамошно лекување во странство на младиот пијанист-ученик Никола Алексовски.

– Сите хумани граѓани ќе може да донираат преку купување билет со симболична цена во МОБ, како и преку трансакциската сметка на неговата мајка: Елизабета Алексовска 300007085053957 Комерцијална банка АД Скопје, информира Македонската опера и балет.

Дино Имери (1990) е еден од најперспективните македонски пијанисти, кој своето образование го стекнал кај професорите Људмила и Борис Романови и кај Симон Трпчески, а гостувал на познати европски концертни подиуми.

На хуманитарниот концерт Имери ќе ги изведе Сонатата бр.23 оп.57 „Апасионата“ на Бетовен и три дела од Лист – „Ла Кампанела“, Мефисто Валцер бр.1 и Унгарска рапсодија бр.2.

МОБ напоменува дека билетите купени за „Мадам Батерфлај“ може да бидат заменети за хуманитарниот концерт или да се вратат на нејзината билетарница.

Би можело да ве интересира

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Пријавата за напад стигнала во МНТ, полицијата апелира на смиреност, евакуирани повеќе институции

Ландов

Полицијата го блокираше центарот на Скопје, неофицијално има дојава за бомба

Ландов

Гала оперски концерт и балет „Болеро“ в петок во НОБ

Ана Ололовска

Гала оперски концерт во НОБ

Ана Ололовска