Хуманитарен духовен концерт „Страдања Господови“ по повод Велингден

Од:

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, Македонската филхармонија и манастирот „Св. Јован Бигорски“ вечер во Универзалната сала ќе одржат хуманитарен духовен концерт со наслов „Страдања Господови“.

На концертот, кој е под диригентската палка на Ле Фи Фи, како солисти ќе настапат поп-пејачот Димитар Андоновски, монахињата Касијана од манастирот во Рајчица, хорот на свештената Бигорска обител, како и специјален гостин од Грција.

Автор на оркестрација на циклусот „Пасхално ехо“ е Живојин Глишиќ, а на циклусот „Господови страдања“ Владимир Димовски.

Приходот од влезниците ќе биде наменет за санација на опожарените конаци во манастирите „Трескавец“ и „Свети Јован Бигорски“. Водител на концертот ќе биде познатиот македонски актер Владо Јовановски.

Би можело да ве интересира

МПЦ-ОА: Овој Велигден го славиме во канонско единство

Православните верници денеска го слават Велигден

За Велигден бесплатно паркирањето во Охрид, во вторник слободен влез во музеите низ градот

(ВИДЕО) Ковачевски со спот за Велигден: Зелената боја е зелена енергија, а тоа значи поевтина струја

Државна и црковна делегација во Ерусалим на преземање на Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб

Ана Ололовска

Г.г. Стефан утре ќе чиноначалствува со литургијата во храмот „Свети Наум Охридски“ во Радишани

Ана Ололовска