Хамлет на Шекспировиот „Глоуб“ театар вечер во МНТ

Од:

Театарот на Шекспир „Глоуб“ од Лондон ќе ја добие наградата за исклучителни достигнувања во областа на театарот, која оваа година ја доделува Македонскиот народен театар на првиот меѓународен театарски фестивал МНТ-Фест.

Театарот Глоуб кој во Лондон се поврзува со името на Вилијам Шекспир е изграден од театарската компанија на Шекспир во 1599 година, а во пожар изгорел на 29 јуни 1613 година. Модерниот театар познат под името Шекспиров театар „Глоуб“ е отворен во 1997 година во близина од местото каде што се наоѓал стариот театар. Тој располага со 1.380 седишта и 700 места за стоење.

Претставата Хамлет на шекспировиот театар во режија на Доминик Дромгул и Бил Бакхарст ќе биде изведена денеска во МНТ во два термина од 16 и од 20 часот.

Џон Дугал, Лади Емерува, Фиби Филдес, Миринда Фостер, Наим Хајат, Берус Кан, Том Лоренс, Џенифер Лионг, Равири Паратин, Метју Ромеин, Аманда Вилкин, Кит Бартлет ја сочинуваат актерската екипа, дизајнот е на Џонатан Фенсом, композитор е Бил Баркли а музиката е на Лаура Форест Хеј.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска