Гран При за израелскиот актер Хауард Рип на ИФ на монодрама „Битола 2013“

Од:

Меѓународното стручно жири на 15-от Интернационален фестивал на монодрама „Битола 2013“ соопшти дека добитник на годинешното највисоко фестивалско признание, наградата Гран При е израелскиот актер Хауард Рип кој ја изведе монодрамата „Гимбел лудиот“ на Исак Сингер.

На прес-конференцијата денеска претседателот на жирито Мето Јовановски истакна дека наградата му припадна на актерот од Нефеш театар од Израел, Хауард Рип затоа што оставил најголем впечаток кај меѓународното жири кое одлучило да додели и други награди, иако претходно не биле предвидени.

– Рип покажа раскошен актерски талент кој блесна со сиот дар божји, со цела своја креативност преточена во сценски живот и прекрасна возвишена актерска игра. Уметноста е тешка работа и тешко е да се вреднува, но овој пат наградата Гран При заминува кај великолепен актер, кај човек со величествен настап кој со едно големо темпо, радост и задоволство ја изведе монодрамата „Гимбел лудиот“, истакна Јовановски.

Годинешниот лауреат на Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2013“ Хауард Рип од Израел потенцира дека првата награда за него била самото учество на фестивалот, а на највиското признание, наградата Гран При – едноставно се воодушевува.

– Оваа награда многу ми значи. Сум добивал награди, како режисер, но никогаш како актер. Првпат добивам вакво признание од меѓународно жири, од мои колеги и тоа ми е посебно драго, истакна израелскиот актер Рип, кој веднаш по настапот во Битола со театарот Нефеш од продолжува со настапи во Бродвеј, Сан Салвадор, Гватемала и на други светски театарски дестинации.

Меѓународното стручно жири на Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2013“ освен наградата Гран При, додели специјално признание за најдобар перформанс кому припадна на актерот од Малме Елиас Фајнгерш, додека признание за најмлад актер ќе му биде врачено на Марина Куклина од Киев која ја изведе монодрамата „Шоша“.

Во чест на наградените актери вечер во Битола театарот Комедија од Скопје ќе ја изведе претставата „Женидба“ од Гогољ во режија на Дејан Пројковски со што ќе биде спуштена завесата на 15 издание на Интернационалниот фестивал на монодрама.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска