Гран-при за „Бели мугри“ од Кочани на фестивалот „Пеце Атанасовски“

Од:

На Рудина заврши 43. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Гран-при наградата му е доделена на Фолклорниот ансамбл „Бели мугри“ од Кочани, а добитник на гајдата на Пеце Атанасовски, што ја доделува општината Долнени, е гајдаџијата Стојче Трајанов од село Чешиново.

Одлуката ја донесе жири во состав: Захаринка Милосављевиќ, Родна Величковска и Илчо Јованов.

Статуетки добија градоначалникот на Долнени Боише Милошески – за посебен придонес за развој на Фестивалот и за изградбата на амфитеатарот на Рудина, потоа Советот на општина Долнени, како и КУД „Панче Пешев“ од Куманово, Салих Шабани од КУД „Беса“ од Гостивар, Абдула Тахиров од КУД „Бахар“ од село Чалакли, Валандово, и Бранко Жежоски од ансамблот „Гоце Делчев“ од Битола.

На годинашниот Фестивал учествуваа околу 350 изведувачи. Се одржа и Семинарот за изучување народни инструменти и песни, а Рудина кај Долнени, каде се одржаа двата натпреварувачки дена, годинава доби амфитератар.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска