Голем успех на македонските театри на фестивалот Екс Понто во Словенија

Од:

Мал драмски театар-Битола ја освои втората, а театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп ја освои третата награда на 21-от меѓународен театарски фестивал Екс Понто (Еx Ponto), кој синоќа заврши во главниот словенечки град Љубљана.

Како што е познато, доделувањето на наградите на Екс Понто го врши само публиката, која по завршувањето на секоја театарска претстава гласа, и според гласовите, годинашен победник е театарот Линеа де Сомбра од Мексико, чии актери ја изведоа претставата „Амарило“ во режија на Хорхе А. Варгас, за која според публиката добија оцена 4,59 .

– Од максималната оцена 5, нашиот Мал драмски театар доби оцена 4,57 за претставата „Тобелија“ во режија на Љубомир Ѓурковиќ, додека пак нашите колеги од прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ја освоија третата награда со оцена 4,52 за претставата „Швејк во Втората светска војна“ во режија на Мартин Кочовски. Втората и третата награда се голем успех на македонските театри на годинешното Екс Понто, истакна Благој Стефановски, менаџер на Мал драмски театар-Битола.

Мал драмски театар-Битола наскоро ќе гостува во Црна Гора на тамошното меѓународно театарско биенале.

Би можело да ве интересира

61. Драмски аматерски фестивал на Македонија ќе се одржи од 20 до 26 мај во Кочани

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска