Годишна изложба на Здружението на уметници „Ум“ од Виница

Од:

Во галеријата „Венеција“ во Виница синоќа е отворена Годишната изложба на Здружението на уметници „УМ“ – Виница во кое членуваат дваестеина ликовни уметници од овој крај. Во присуство на голем број љубители на ликовната уметност изложбата ја отвори Иво Пецов, ликовен уметник од овој град.

-Со секоја нова изложба, секој член на здружението ја покажува уметноста и светот онака, како што го доживува. Нашето Здружение ни помогна да ги засилиме контактите со што се засили и информираноста и интересот за она што секој од нас го создава. Делата на авторите се во специфичната за секој пооделно област, насока и стил, истакна Пецов.

На завршната изложба за 2016 година со ликовни дела се преставуваат еден дел од членовите на „Ум3 и тоа: Гордана Вренцоска, Дејан Спасов, Катица Алексова и Иво Пецов, а свои дела изложуваат како гости и ликовните уметници Гоце Стоилковски и Маријана Иванова.

Годишната изложба на дела од членовите на Здружението за уметност„Ум“ од Виница ке биде отворена до средината на јануари наредната година.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“