Годишен концерт на Фолклорниот ансамбл „Тиквеш” од Кавадарци

Од:

Годишен концерт одржа синоќа Фолклорниот ансамбл „Тиквеш” од Кавадарци, во салата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во овој град. Станува збор за традиција која се негува со години.

– Ова е уште еден културен настан од музичко-сценската дејност. Голема благодарност до кавадаречкиот Ротари клуб, затоа што издвои околу четири илјади евра за реновирање на салата во која вежбаат членовите на ансамблот, рече Владимир Темков, директор на Домот на културата.

Гости на вечерта беа членовите на Културно-уметничкото друштво „Ѓердан“ од Охрид.

Концертот се реализираше во организација на културниот дом во чии рамки работи ансамблот, а со поддршка на кавадаречката локална самоуправа.

Би можело да ве интересира

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска

Изложба на фотографии од традиционални носии во Гевгелија

Ана Ололовска

В петок 33-то издание на „Охридските староградски средби“

Ана Ололовска