Ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија во текот на месецов во Хрватска ќе учествува на меѓународниот фестивал „Вечер со тамбури“, што требаше да се одржи кон средината на месец август, но беше одложен заради пандемијата од коронавирусот.
Од ансамблот потврдија дека меѓународниот фестивал,чиј што организатор е КУД „Јурај Лончариќ“ од Хрженица, ќе се одржи он лајн и дека „Бојмија“ наместо првично планираното учество на фестивалот и концертната турнеја низ Хрватска, го прифатиле настапот со онлајн изложба на фотографии од народни носии од богатиот фонд со кој располага ансамблот.
-На изложбата во Хрватска ќе презентираме само дел од 1000 парчиња носии,собирани од теренот на областа Бојмија со кои ќе презентираме дел од нашето фолклорно богатство и традиционалната македонска култура,велат од раководството на ансамблот.
Покровители на проектот на ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија се Минитерството за култура и општина Гевгелија.