Гала оперски концерт и балет „Болеро“ в петок во НОБ

Од:

Националната опера и балет за 27 ноември од 19 часот најави ексклузивен оперски гала концерт и во истата вечер – балетот „Болеро“ од Морис Равел.

Солисти на оперскиот концерт ќе бидат сопранистките Весна Ѓиновска-Илкова и Катерина Стојановска, тенорот Ѓорѓи Цуцковски и басот Владимир Саздовски, во придружба на оркестарот на НОБ под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Во вториот дел од вечерта в петок публиката ќе има можност да го проследи и балетот „Болеро“ од Морис Равел, во кореографија на Саша Евтимова. Ќе настапат Женскиот балетски ансамбл, сопранот Катерина Стојановска и Оркестарот на Националната опера и балет.

Настанот ќе се одржи со почитување на здравствените протоколи. Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на концертот. Билетите се во ограничен број.

Би можело да ве интересира

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Ана Ололовска

На Денот на шегата и маските уште две претстави на „Петар Пан“

Ана Ололовска