Фотографии од Токио и Кјото на изложба во Музеј на Град Скопје

Од:

Во Музеј на Град Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Токио и видеоинсталација од фотографии од Кјото. Насловена е „Нипон, љубов моја“ (Nippon Mon Amour) и е дело на режисерката Андријана Цветковиќ, која живее и работи во Јапонија. За посетителите ќе биде отворена до 14 април.

– Изложбата е спој на двата света кои во Јапонија функционираат паралелно, на модерниот (Токио) и традиционалниот (Кјото), но тие не се поделени, а се преливаат еден во друг и ја прават Јапонија една од најфасцинантните земји на светот. Како фотограф Андријана нуди неповторливи форми и мигови кои преку објективот и сончевата светлина се прекршуваат и прават нов необичен свет, што неодоливо ја привлекува да го овековечи и да го сподели. Таа го носи светот кој со неа патува каде и да е и овде во Македонија, преведен во слики кои ќе ни кажат стотици зборови и ќе загатнат уште толку многу прашања, информира Музеј на Град Скопје.

За насловот на изложбата, авторката го избрала старото име на Јапонија (Нипон) кое се користи и денес во таа земја. – Сметав дека е најправилно да го наречам објектот на мојата љубов со вистинското име. Јас имав множност да живеам шест години во Токио и година и половина во Кјото и да се вљубам подеднакво во двата различни света кои овие два града ги кријат зад фасадите, зад мистериозноста на културните кодови, обичаи и срамежливите очи на скромните Јапонци…

Лавиринтот од загатки на културната мапа на Јапонија беше мојот предизвик и причина да останам во Јапонија подолго, да го научам јазикот и, секако, да го преведам во слики и стихови она кое секојденвно го откривав, и доживував, изјави Цветковиќ.

Таа докторирала во областа на филмската уметност на Универзитетот Нихон во Токио во 2009 и има работено во повеќе универзитети и научни центри како професор и научен соработник. Режисер и сценарист е на филмот „Пурпур и злато” (2012), кој е прв самурајски филм од автор што не е Јапонец и беше снимен во култното студио Шочику во Кјото. Филмот доби прва награда во категоријата кракометражен игран филм на фестивалот ИАФОР FilmAsia Open Film Competition. Цветковиќ е визитинг-професор на Кјото универзитетот, во Центарот за азиски истражувања, и на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во Скопје.

Би можело да ве интересира

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска

Таен музеј во Вашингтон