ФОТО: Во Љубљана премиера на новата драма на Горан Стефановски, во режија на Александар Поповски

Од:

Вечерва на сцената на „Словенско народно гледалишче“ во Љубљана, ќе се одржи премиерата на „Figurea Veneris Historiae“, најновата драма на Горан Стефановски, во режија на Александар Поповски.

Figurea Veneris Historiae

– Темата на пиесата е дека љубовта е невозможна во светот на политика. Таа ја прикажува историјата како масовна човечка оргија, баханалија. Војната е средство со кое историјата и човештвото меѓусебно се силуваат. Жанрот на пиесата е трагична фарса. Истовремено е трагично и комично да се гледа како луѓето, според Џојс, се обидуваат да се разбудат од кошмарот на историјата… А, и ако успееме да ја растераме таа срамна хипноза, дали ќе се засрамиме, пишува драматургот Стефановски во предговорот на овој драмски текст.

Figurea Veneris Historiae1

Драмата е напишана по нарачка на Словенско народно гледалишче.

– Оваа година се навршуваат сто години од Првата светска војна, една од најсуровите катастрофи и кланици во човечката историја, во која 16 милиони луѓе ги загубија животите, а 20 милиони беа ранети. Војната е масовно и организирано насилство, круна на политичката патологија и перверзија на историјата. Уште од најрани младешки години бев фасциниран со книгата „Сексуалната историја на Првата светска војна“ (Sitten Geschichte des Weltkrieges) од Магнус Хиршфелд, објавена во Берлин во 1931 година. Тоа е социополитичка критика, во два големи тома, со црвен платнен повез, кои ги најдов во библиотеката на татко ми. Беа на германски и не можев да ги прочитам, но затоа со возбуда ги гледав многуте илустрации – експресионистички цртежи на Георг Грос и Ото Дикс, вулгарни војнички разгледници, пропагандни постери, фотографии на инвалиди и проститутки, многу крв, месо, кич и ужас, пишува Стефановски.

Figurea Veneris Historiae2

Книгата на Хиршфелд му послужила на Стефановски како инспирација за драма.

Магнус Хиршфелд (1858-1935) е писател кој објавил повеќе од 500 наслови на теми за сексуалност, здравје, политика, морал и историја на расизмот. Во 1919 година во атмосфера на Берлинската Вајмарска Република, Хиршфелд основал Институт за сексуална наука. Институтот имал голема библиотека и архива, во него се одржувале јавни предавања и медицински консултации. Како Евреин и хомосексуалец, кој пропагира прогресивни идеи, Хиршфелд бил цел на нацистите, често физички напаѓан и тешкоповредуван. Во 1928 година тој учествувал во Светската лига за родова реформа. Во 1930 година Хиршфелд тргнува на долга турнеја во САД и околу светот. Во 1933 година нацистите го уништуваат неговиот Институт и јавно ги палат библиотеката и архивот. На Хиршфелд му е одземено германското државјанство.

Figurea Veneris Historiae3 Figurea Veneris Historiae4 Figurea Veneris Historiae5

Би можело да ве интересира

61. Драмски аматерски фестивал на Македонија ќе се одржи од 20 до 26 мај во Кочани

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска