ФОТО „Уметникот и диктатурата“ – изложба за државно нарачана слобода

Од:

Дел од деветтото издание на „Бела ноќ“ беше и изложбата „Уметникот и диктатурата“- тема која привлече многубројна публика. Кураторите на концептот за изложбата поделена во четири сегменти и исто толку институции (Музеј на град Скопје, Културно информативен центар, Национална галерија – Чифте амам и Младински културен центар), Ивана Васева, Јованка Попова и Филип Јовановски на почетокот на својот текст наведуваат дека насловот им бил зададен однапред од директорот на МКЦ, Златко Стевковски.

Според кураторите се работи за почетен импулс за размислување за тоа што е слобода на израз.
izloz (7)

-Овој проект не претендира да биде целосно истражување кое ќе даде одговор на нештата, тој поставува прашање колку ни се одврзани рацете во спроведувањето на своите идеи.

izloz (6)

И токму признанието на кураторите дека директорот на МКЦ, како организатор на оваа изложба им го дал насловот, предизвика коментари

-Каква е таа слобода на израз веднаш се гледа, кога директорот им кажал каква изложба треба да направат, коментира за А1 он, проследувач на културните настани

izloz (5)

Кураторите на оваа изложба поканиле и кустоси од институциите да бидат ко-куратори и да организираат поставки од дела кои се дел од збирките на самите институции.

izloz (4)

Златко Теодосиевски од Националната галерија на Македонија, под наслов „Македонска ситуација 1945-1990“, конципирал поставка составена од делата на македонските уметници како Петар Мазев, Танас Луловски, Борко Лазевски,
од збирката на институцијата, но во својот текст пишува дека Галеријата од своето основање во 1948 година, главно собирала дела на втори блиски до официјалните државни политики во уметноста и културата, па недостасуваат нетрадиционалните уметнички дела како видеото или фотографиите.

izloz (2)

-Или ако сакате, таа институција, ни во дадениот период, а уште помалку денес, не се занимавала со рабните, контроверзните, „проблематичните“ творечки пројави во македонската ликовна уметност. На пример во депоата нема ниту едно дело или документ од времето на т.н Нова уметничка пракса во Југославија (и во Македонија), тоа веројатно не се ни сметало за уметност, вели Теодосиевски.

izloz (1)

Ана Франговска во својот дел од изложбата насловен „Транзициска авторитарност“ ги избрала делата на Александар Станковски, Жанета Вангели, Анета Светиева, Исмет Рамичевиќ, Благоја Маневски, Томе Аџиевски, Сашо Станојковиќ, Игор Тошевски, Елизабета Аврамовска, Славица Јанашлиева, Ирена Паскали, Никола Узуновски, Антони Мазневски, Осман Демири, Борис Шемов, Игор Сековски, ОПА за да покаже какв е односот на македонскиот уметник кон самоволието на властодршците од 1991 година до сега.

На поставката во во Музејот на град Скопје, насловена „Ретро–гардни наративи“, ко-кураторите Емил Алексиев и Атанас Ботев, спротивставуваат фотографии на историски места, настани или личности со дела од современта македонска ликовна уметност

-Изложбата „Ретро–гардни наративи“ е обид да се маркираат референтните точки на отпор на македонската модерна и современа уметност. Наспроти политичката диктатура кај нас, уметноста молчи.

Во галериите на КИЦ и на МКЦ се поставени изложби на дела на современ графички дизајни (Емил Шулајковски и Сергеј Андреевски) и на театарски плакати од МОТ („Демократската моќ на театарот“ – Љубиша Никодиновски Биш).

Како резултат на ова истражување по депоата, според Попова, Васева и Јовановски се покажало дека институциите немаат однос кон документацијата на делата што ги имаат.

-Од друга страна, и како поттекст е идејата за државно нарачана слобода кој го наметнува прашањето што е свесно допуштено да се случува во секоја институција која си има своја агенда и репутација.

А.Б.

Би можело да ве интересира

„Бела ноќ“ во Скопје

Бесплатен јавен превоз за сите граѓани за време на „Бела ноќ 2023“

A1on

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Отворен повик за уметници за манифестацијата „Бела ноќ 2022“