ФОТО: „Подарок за роденден“ – изложба на слики на Јулија Малахова

Од:

Во читалната „Славко Јаневски“ во Центар, синоќа блескаше од бои. Младата Јулија Малахова, го имаше своето прво деби во светот на ликовната уметност. Пред пријателите, намерниците, колегите се претстави со 30 дела насликани во акрил со неколку техники.

Изложбата е со наслов „Подарок за роденден“, и е посветена на една специјална личност во нејзиниот живот.

malahova-izlozba1

„Ова е моја прва изложба, многу сум возбудена, но и охрабрена да продолжам, она што го чувствувам и доживувам, да го изразам преку светот на боите. Желбата за убавина, ја наследив од мојата мајка, по потекло од Русија. И благодарам на мојата мајка за несебичната поддршка, но доколку толку многу ме подржуваше и во ракометот, денеска ќе чекорев по нејзините патеки“, рече Малахова.

malahova-izlozba2

Нејзината мајка е познатата ракометарка, европски шампион и најдобро крило во светот, Наталија Малахова Тодоровска.

Делата на Малахова може да се видат во наредните два дена во читалната „Славко Јаневски“.

malahova-izlozba

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“