ФОТО: Патувачкото кино на Македокс тргна од Крушево

Од:

Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, годинава ги претставува филмовите во Демирхисарскиот регион од 17 до 28 август.

Патувачкото кино на „Македокс“ на 17 август тргна од Крушево со проекција на филмското платно на краткиот документарен филм „Македонија во слики“ на Арсениј Јовков. По него следуваше долгометражниот документарен филм „Плати и жени“ на режисерот Атанас Георгиев-Фаца, кој откако се ожени, си плати и си купи една од прекрасните крушевски куќи и остатокот од својот живот планира да го помине во Крушево.

makedonks-pkino1

– Откако стотина локални жители на Крушево и месечината ја проследија првата проекција на 5. издание на Патувачкото кино на „Македокс“, со нашето Македокс-магаренце на 18 август се упативме кон селото Журче. Како што кажува самото име, таму се случи вистинска журка. Селаните не’ пречекаа весели, насмеани… Се дружевме со бабички и дедовци кои ни раскажаа многу приказни за нивното село. Приказни кои зборуваат за прекрасното цвеќе Жур, по кое, според нив, селото го добило своето име, за минатите времиња кога селото имало 900 жители и сегашните, кога селото брои само 200 жители, за берењето тутун и земјоделието со кое и ден-денес се занимаваат селаните таму, за прекрасните манастири „Св. Атанасиј“ од 13. век и „Св. Илија“, кога е слава на селото. Откако локалните жители заедно со нас ги проследија документарците „Ликвидатор“ на Трајче Попов и „Анплагд“ на српскиот автор Младен Ковачевиќ, со искрена желба ни посакаа да се вратиме повторно во нивното село, велат од Македокс.

makedonks-pkino2

Патувачкото кино продолжува со проекциите на документарни филмови низ Демирхисарскиот регион. До 28 август „Македокс“ ќе помине и во Жван (20 август), Единаковци (21 август), Слепче (23 август), Смилево (24 август), Бабино (26 август), Сопотница (27 август) и Слоештица на 28 август 2014 година. Проекциите се одржуваат сред село, а почнуваат во 21 часот.

Целта на Патувачкото кино е непосредно да влијае во процесот на децентрализација на културата во државата и да овозможи кинопроекции во мали и рурални места.

makedonks-pkino4

Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ и Патувачкото кино се поддржани од Националната фондација за демократија од Вашингтон, Амбасадите на САД, Холандија и на Шпанија во Скопје, Министерството за култура на РМ и Агенцијата за филм на РМ, Градот Скопје и Канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Почна фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“

Oтворен повик за петтата генерација „Докуникулци“ на „МакеДокс“

Ана Ололовска

Видеохроникa од патувачкото кино во Преспа

Четвртото издание на МакеКоПроДокс форумот на 13. „МакеДокс“ на 22 август почна со затворена сесија на Балканската мрежа

Ана Ололовска

Отворена изложбата „Спојка“ на почетокот на четвртиот ден на 13. „МакеДокс“

Ана Ололовска

Отворање на 13. „МакеДокс“ на 18 август во Куршумли-ан

Ана Ололовска