ФОТО: Незаштитените македонски фрески повредни од Мона Лиза се распаѓаат

Од:

Додека стотици милиони евра се трошат на нови градби, во Македонија пропаѓа културното наследство со непроценлива вредност, а Министерството за култура за неговата заштита годишно извојува само 650 000 евра. Скоро сите конзервирани објекти се во лоша состојба, а при конзервација и реставрација новите материјали произведуваат неавтентичност.

Центарот за културно наследство, денеска го промовираше извештајот кој ја прикажува моменталната ситуација во која се наоѓа истото. Анализата покажува дека целото културно наследство е во опасност, односно е изложено на напади предизвикани од различни фактори од кои најопасниот е дека има отсуството на податоци за неговата состојба.

Не можат да се изборјат сите вредности кои што не се заштитени ниту доволно промовирани. За некои од нив како фреската Св. Петнаесет Сидериополски маченици за која се претпоставува дека има и поголема вредност и од Мона Лиза, државата сеуште нема пројавено интерес да ја заштити.

Ѓорѓе Кочев, архитект и потпретседател на Центарот, за А1он објасни дека фреската стои во во истоимениот локалитет во Струмица, а последен пат била делумно конзервирана во шеесетите години.

Како еден од најзагрозените примероци е археолошкиот локалитет Скупи, кој е целосно запоставен, неконзервиран и недволно популаризиран во странската јавност.

Kale

Се посочува и скопската тврдина Кале каде се изведувани лакови и сводови без никаков доказ преземени од периоди кои ги нема на тврдината, додека автентичните фази не се третирани.

Црква-музеј? Реконструкција? Уништување на артефакт? Злочин?

SV. Arhangeli

Манстир Св.Арханѓел, Кучевиште, XVIвек
Во 2012 со американски грант е отпочната реконструкција на конакот од манастирот, со замена на дрвената меѓукатна конструкција со скриена бетонска плоча, што отстапува од конзерваторските принципи.

Sv. Nikola

Св.Никола село Љуботен, Скопска Црна Гора, XIVвек
Во оваа црква недостасува живописот, а за време на реставрацијата при обнова на куполата празните површини биле малтерисани и во таква состојба останало денес.

90

Ваквиот проблем може да се забележи и кај: црквата Св. Ѓорѓи во Старо Нагоричани, џамијата Султан Мурат во Скопје, локалитетот Стоби, црквата Св. Богородица во Дреново, црквата Св. Богородица во Злетово, манстирот Св. Арханѓели Варош во Прилеп и многу други.

Фактот дека ниту една институција во државата не е задолжена за следење на состојбата со културното наследство, најчесто резултира со нереални „приоритети“во годишните програми на Минстерството за култура. Исто така како постои и отсуство на навремени мерки и режими за заштита предвидени во законската регулатива, објасни Донка Барџиева Трајковска, претседател на Центарот за културно наследство.

Мониторингот на културното наследство опфаќа детален преглед на неговата состојба со дијагностицирање на сите болни точки и лоцирање на проблемите, со цел обезбедување на неопходна база на податоци со која би можеле во иднина да се програмираат активностите.

Васил Трајковски, конзерватор и сликар, а воедно и потпретседател на Центарот, изјави дека е поразителен фактот дека повеќе од шеесет години институционално постоење на служба за заштита, во Македонија сеуште не с епоставени правните основи и не е утврден предметот на заштита како категорија на вредност и состојба. Ова покажува дека заштитата на културното наследство сеуште не е отпочната, а податоците од увидот потврдуваат дека скоро сите градски јадра се уништени, а автентичните рурални целини се раритет.

[nggallery id=204]

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска

Таен музеј во Вашингтон