По повеќе од 4 години дебати, избран е проектот за новиот музеј Гугенхајм во Хелсинки Финска. Проектот го добија архитектите Николас Моро и Хироко Кусуноки (Nicolas Moreau, Hiroko Kusunoki), кои имаат студио во Париз.
На меѓународниот конкурс за овој проект се пријавиле 1715 трудови од 77 земји. Музејот, кој ќе зазема површина од околу 12 илјади метри квадратни, го гради Фондацијата „Соломон Ф. Гугенхајм“ во соработка со градот Хелсинки и ќе чини 140 милиони евра.
Во објаснувањето на одлуката на жири комисијата, се вели дека дизајнот на овој проект длабоко го почитува местото и околината, креирајќи фрагментиран, не-хиерархиски хоризонтален кампус на поврзани павилјони во кои се среќаваат и преплетуваат уметноста и општеството.”
Ова не е прв обид на фондацијата да изгради музеј во финскиот главен град, во 2011 година, градоначалникот Јуси Пајунен, потрошил 1,6 милиони евра за визибилити студија, но градските советници го одбиле овој предлог како премногу скап иако било пресметано колку ќе допринесе музејот за зголемување на приходите од туризмот и доаѓање на големи интернационални компании.
Противниците на музејот тврдат дека со парите на граѓаните на Финска ќе се гради американски музеј, во кој ќе има големи интернационални изложби, што ќе го намали буџетот за претставување на финските уметници.
Гугенхајм музеите во Њујорк, Венеција и Шпанија привлекуваат голем број туристи, а познат е и „ефектот Билбао“, кога во овој шпански град се изгради Гугенхајм музејот, тоа влијаеше на неговиот економскиот просперитет заради туристите што го посетуваа.