Онлајн одбележување на Меѓународниот ден на музеите

Од:

Поради коронакризата и неможноста да отвори пригодна изложба, Музејот на Репулика Северна Македонија ќе го одбележи онлајн Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај и на јутјуб-каналот ќе постави повеќе документарни филмови во согласност со темата на годинашното одбележување „Музеите за еднаквоста: Различност и инклузија“.

– Пошироката јавност преку овие филмови ќе има можност да се запознае со културата на Македонците и другите етнички заедници коишто кохабитираат во нашата земја. На тој начин, дел од разноличниот мозаик на етнолошко наследство на Република Северна Македонија ќе биде достапен за сите луѓе подеднакво, соопшти Музејот.

Поради пандемијата од вирусот, оневозможен е физичкиот пристап до постојаните поставки, тематските изложби и другите содржини во музеите во поголем дел од светот.

Меѓународниот ден на музеите се одбележува на 18 мај – датум избран на Генералното собрание на Меѓународниот совет на музеите – ИКОМ во 1977 година во Москва. Целта на одбележувањето е да се обединат креативните аспирации и напори и да се насочи вниманието на јавноста во целиот свет на нивната дејност.

На овој ден музите во светот традиционално ги отвораат своите врати и овозможуваат бесплатен влез за посетителите, поставуваат изложби, организираат промоции или други настани со цел да го доближат движното културно наследство до што поголем дел од публиката.

Би можело да ве интересира

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска

Таен музеј во Вашингтон