Форум „Кражби на музејски предмети и недозволена трговија со културните добра“

Од:

Македонскиот национален комитет за заштита на културно наследство во опасност „Син штит“ во соработка со Македонскиот национален комитет на ИКОМ, денеска организира форум на тема „Кражби на музејски предмети и недозволена трговија со културните добра“.

Целта на форумот е преку отворена дискусија да се нотираат недостатоците, слабостите и механизмите на превенција и заштита на културното наследство.

За кривично-правниот аспект на заштитата ќе говори јавната обвинителка Маја Коневска од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, додека за „Археологија vs дивокопање“ ќе говори Перо Арџанлиев од НУ Археолошки музеј на Република Северна Македонија.

Модератор на настанот е Оливера Џартовска Тачевска – претседателка на „Син штит“.

Форумот се реализира со поддршка на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Во битолскиот Музеј отворена изложба на предисториски предмети „Првите кралеви на Европа“

А1он

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска

Музејот на современата уметност со еколошки проект кон зачувување на здравата животна средина