Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија изработи 10 тактилни слики за лицата со попречености

Од:

Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија изработи 10 тактилни слики пропратени со опис на Брајово писмо, фотографија и текст за лицата со попречености

– Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија уште еднаш ја докажа својата филантропска мисија помагајќи им на лицата со попреченост. За секоја секција од поставката во Меморијалниот центар на холокаустот, за глувите и наглувите посетители, подготвени се видеа на знаковен јазик и аудио приказни со кои посетителите ќе слушнат и дознаат повеќе информации, без оглед на попреченоста. Секоја секција од поставката е претставена со текст на Брајово писмо. На тој начин посетата на Меморијалниот центар и восприемањето на приказната за постоењето, животот, холкаустот и повторното раѓање на Еврејската заедница на овие простори, е достапна и за овие категории посетители, информираат од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија .

Од Фондот соопштуваат дека изложбата е насловена – „Еден час – 1 HOUR“, симболика која произлегува од потребата на лицата со попреченост да имаат час повеќе при посета на музеите. Истовремено англиското име на изложбата е акроним кој се поврзува со содржината на изложбата наменета за оваа категорија на посетители.

Посочуваат дека својата општествената одговорност, посветеност и придонес кон заедницата Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија ја докажува преку интеракцијата со лицата со попреченост. Нашата заложба претставува современ концепт за општестена одговорност и инклузија на културното наследство за сите.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Путин ја спореди опсадата на Ленинград со холокаустот

Гаши: Имаме колективна одговорност да се заложиме за зајакнување и интеграција на лицата со попреченост

Планирал да го нападне Еврејскиот центар во Њујорк, одбрал симболичен датум

Се зголемува бројот на антисемитски инциденти во Германија

Горан Наумовски

Уставен ја укина одредбата од законот според која на лицата со тешка попреченост над 65 години не добиваа парична помош

A1on