Фолклорна група од гимназијата во Ростуше на фолклорен фестивал во Турција

Од:

Фолклорна група од Средното општинско училиште „Маврово и Ростуше“ од Ростуше учествува на големиот балкански фолклорен фестивал што се одржува во турскиот град Измир.

Главниот настап групата го имала на централниот плоштад во Измир, на кој присуствувале  повеќе илјади македонски иселеници кои живеат во Турција, а младите рекански фолклористи биле нагреди со бурни аплаузи.

Покрај тоа групата, чиј кореограф е Зинче Мимидиноски,  имала настапи и низ градските општини на Измир. На сите настапи Македонија ја претставиле  со македонски песни и ора од реканскиот крај.

На фестивалот учествуваат фолклорни групи од сите балкански земји, а групата од Ростуше е единствен претставник од Република Македонија.

Во Измир се наоѓа и делегација на локаланата власт на општина Маврово и Ростуше, предводена од градоначалникот Мукрем Мехмеди, која имала средби со нашинците во нивните клубови, а ја посетиле  и збратимената општина Борнова од Измир.

Би можело да ве интересира

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска

Изложба на фотографии од традиционални носии во Гевгелија

Ана Ололовска

В петок 33-то издание на „Охридските староградски средби“

Ана Ололовска