„Фолклористи“ примени од градоначалникот на Крива Паланка по освоената награда во Бурса

Од:

Градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски прими делегација на Културно- уметничкото здружение „Фолклористи” кое успешно ја претстави македонската култура на Меѓународниот фолклорен фестивал во Бурса, Турција, од каде се врати со награда од специјалното жири.

Претседателот на „Фолклористи“ Васе Стаменковски рече дека во силна конкуренција со над двесте учесници, нивното здружение ја доби наградата за најдобар сценски настап и драматичност во изведбата од страна на специјалното жири на фестивалот.

Здружението почнало и соработка со екипи од Турција, Србија и Грузија, а веќе се најавени и учества за наредната година на натпревари во Турција и Грција.

Градоначалникот Мицевски очекува нивните успеси да продолжат зашто успехот на фестивалот е и успешно претставување на нивната општина – Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска