Филмскиот фонд на Македонија на светски собир во Израел

Од:

Македонскиот филмски фонд од сабота до понеделник ќе учествува на светскиот собир на филмски фондови што ќе се одржи во Израел.

На овој меѓународен собир ќе учествуваат претставници од 20 филмските фондови од кои 10 од Европската унија и 10 од земји кои не се членки на Унијата. Во текот на дводневната работа ќе се разменат искуства, а меѓу другото ќе се разговара и за договорите на Светската трговска организација и нивниот потенцијал на влијание на системот на финансирање на филмови, како и за поддршката за дистрибуција и автоматската поддршка. Ќе се дефинираат најдобрите искуства и ќе се постават клучните елементи за остварување на целите за подобар развој и соработка на филмските фондови.

Директорот на Филмскиот фонд на Македонија Дарко Башевски денеска на прес-конференција информираше дека Македонија учествува на овој голем собир на покана на организаторите ACE од Франција и Израелскиот филмски фонд.

Македонија на собирот ќе го претстави својот систем на поддршка за филмовите изграден како компилација на собрани искуства од над 20-тина филмски фондови, развиен како уникатен систем.

– Ќе го презентираме нашиот систем кој е направен по посетата на 20 филмски фонда. Од сите тие процедури и регулативи е изграден нашиот систем којшто е уникатен. Кај нас е направена компилација клучно земена од искуствата од Австрија и Израел. Процедурите на давање на поддршка за развој и она што се вика враќање на средства кај нас е унифицирано сосема поинаку од другите земји, истакна Башевски.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата