Филмот „Мама“ вечер во Кинотека на Македонија

Од:

По повод деновите на франкофонијата, а со поддршка на Канадската амбасада, вечер во Кинотеката на Македонија ќе биде прикажан филмот „Мама“ на француско-канадскиот режисер Ксавиер Долан.

Филмот доби награда од жирито на последниот Кански филмски фестивал, а беше дел и од официјалната програма на 35.ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.

Долан е автор и на сценариото, а во улогите настапуваат:  Ан Дорвал, Антоан-Оливие Пилон, Сузан Клемент.

Со поддршка од Францускиот институт во Скопје, утре ќе биде прикажан уште еден филм од француско-канадска продукција – „Жаплу“ на Кристијан Дугвај.  Филмот е снимен 2013 година, по сценарио на Гијом Кане, а во улогите се Гијом Кане, Марина Хендс, Даниел Отје.

Проекциите на двата филма во Кинотеката на Македонија  вечер и утревечер ќе почнат во  20 часот.

Би можело да ве интересира

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кевин Костнер заплака во Кан: „Жал ми е…“

Предраг Петровиќ

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена