Филмот „Ѕверови“, добитник на 9 шпански Оскари на 51. ФЕСТ

Од:

Шпанскиот филм „Ѕверови“ на Родриго Сорогоен, кој ќе биде прикажан во Главната натпреварувачка програма на 51. ФЕСТ, освои девет награди ГОЈА – шпански еквивалент на Оскарите.

Членовите на Шпанската академија за филмски уметности и науки на 37-та церемонија на доделување награди, одржана викендов, му ја доделија на филмот „Ѕверови“ – Гоја за најдобар филм, режија, оригинално сценарио, главен актер (Дани Менош), споредна женска улога (Луис Сахер), фотографија, монтажа, оригинална музика и звук.

Ваквиот современ вестерн ја „освои“ публиката во Франција и Шпанија, а светската премиера ја имаше во Кан. Наградуван е на фестивали во Сан Себастијан, Анталија, Токио, Алмерија, Чикаго, Хаинан итн.

„Ѕверовите“ (As bestas / The Beasts) е приказна за средовечна француска двојка која се преселува во Галиција, но нивното присуство во соседството предизвикува тензии. Родриго Сорогојен изјавил дека тоа е „бајка заснована на вистински настан“ и дека тој и сценаристката Изабел Пења сакале да го покажат денешниот „сеприсутен фанатизам, недостаток на дијалог и целосно непочитување на другата страна“.

„Ѕверови“ е четврти долгометражно режисерско дело на Родриго Сорогоен.

Дебитираше како корежисер на „Осум средби“ со Перис Романо, а потоа ги сними и признатите и наградувани филмови „Бог да ни прости“, „Падот на кралот“ и „Мајка“. Тој беше номиниран за Оскар за краткиот филм „Мајка“.

Би можело да ве интересира

Петто издание на фестивалот на краток филм „ФИЛМАЈ“

Ана Ололовска

Во Белград проекција на реставрираната верзија на првиот македонски игран филм „Фросина“

Катерина Павлова-Николовска

Заврзаа човек и му се заканија дека ќе му ја силуваат ќерката: Полицијата се сомнева дека е бандата е од Србија

Горан Наумовски

„Вознемирена земја“ во ко-авторство на Кумјана Новакова номиниран за најдобар документарен филм во Кан

Ана Ололовска

Банда од Балканот „падна“ во Шпанија: Украдоа накит вреден милион евра, а ограбија и познат фудбалски тренер

(ВИДЕО) По сушата, силен дожд падна на југот на Шпанија, поплавени улици, затворени училишта