Филмот „1000 години сведок на светлината“ на Илија Ико Каров утре ќе се емитува во Рим

Од:

Филмот „1000 години сведок на светлината“, посветен на илјадагодишнината на Бигорскиот манастир, во режија на Илија Ико Каров, утре ќе се емитува во Понтификалниот институт за ориентални студии во Рим.

Филмот ја доживеа својата гала премиера во салата на Македонскиот народен театар во април 2022 година. Утре, пак, на иницијатива на амбасадорката на земјава во Ватикан Марија Ефремова, а под покровителство на директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски, тој ќе биде проектиран во Институтот при Светата Столица.

Целта на оваа свечена проекција е да се истакне убавината и богатствто на македонското духовно и културно наследство, кое повеќе од илјада години во континуитет се негува во Бигорскиот манастир.

Би можело да ве интересира

Претставници од Бигорскиот манастир иконата на Св. Георгиј Победоносец ја однесоа во светогорскиот манастир Ксенофонт

Предраг Петровиќ

Во Рим проекција на филмот „1000 години – Сведок на Светлината“, посветен на илјадагодишнината на Бигорскиот манастир

Ана Ололовска

Бигорски ги објави текстовите на возобновените божиќни и новогодишни каланди

Ана Ололовска

Бигорски манастир со вонредно соопштение за богослужбата за Света Пасха

Ана Ололовска

Делегација од Бигорски, Рајчица и Пречиста на средба со митрополитот г. Тимотеј

Ана Ололовска

Лавините кај Бигорски манастир расчистени, прооден патот Дебар – Маврово