Филателистичка изложба „Светите браќа Кирил и Методиј“ во Пустец

Од:

Филателистичка изложба „Светите браќа Кирил и Методиј – сесловенски просветители“ во организација на Музејот на македонската борба беше отворена вчера во општина Пустец, Албанија.

Ова е прва филателистичка изложба од Македонија што гостувала во Албанија. Изложбата, како што информираат од Музеј на македонската борба, предизвика голем интерес кај повеќе од стотина присутни и е дел од активностите за одбележувањето на 24 Мај меѓу Македонците што живеат во тој дел на Албанија.

На отворањето на изложбата говореа директорот на Музејот на македонската борба Бранислав Светозаревиќ, градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко, писателот од регионот Мала Преспа Спасе Мазенковски, а поетесата Виолета Сековска читаше делови од „Црноризец Храбар“ на старословенски јазик.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“