Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ продолжува утре

Од:

Дваесет и деветтото издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ продолжува утре со скратена програма поради прогласената тридневна жалост во државава.

Според објавената нова програма, нема да се одигра претставата „Злоставувани“ на театарот од Шабац, Србија, додека „Кармен“ на Драмскиот театар од Скопје и „Среќниот принц“ на Театарот Враца од Бугарија се одиграа завчера без присуство на публиката, само пред жири комисијата.

Програмата продолжува утре со три претстави, а први пред публиката ќе се претстават атерите на кумановскиот театар со „Драма изгубена во времето“ од Сашко Насев во режија на Владлен Александров.

Фестивалот завршува задутре со доделување на единствената награда за највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра. За неа ќе одлучува фестивалското жири предводено од ланската лауреатка, актерката Александра Пешевска и актерите Благој Чоревски и Петар Мирчевски.

Фестивалот се одржува во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица со почитување на ковид протоколите и со исполнетост до 30 отсто од капацитетот.

Би можело да ве интересира

Актерот Јордан Симонов е лауреатот на 31. ФКТ „Ристо Шишков“

Почнува 31-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“

МНТ со „Лагата“ учествува на 31. издание на фестивалот „Ристо Шишков“

Дарја Ризова најдобра актерка на фестивалот „Ристо Шишков“

Катерина Ѓуровски

Наградата „Ристо Шишков“ за Звездана Ангеловска

Ана Ололовска

Со доделување на наградата за високо актерско достигнување вечер завршува ФКТ „Ристо Шишков“

Ана Ололовска