Наградата „Ристо Шишков“ за Звездана Ангеловска

Од:

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 29 издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, кој синоќа заврши во Струмица. Таа е наградена за улогата на Таа во претставата „Само глас“ од Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак во продукција на Македонскиот народен театар од Скопје.

Одлуката на фестивалското жири ја образложи претседателката, ланската лауретка, Александра Пешевска, во кое покрај неа играта на актерите ја оценува и Благој Чоревски и Петар Мирчевски.

-Звездана Ангеловска ни овозможи поглед во внатрешниот свет на нејзиниот лик, изнесувајќи ги своите лични ставови, а преку нејзиното ламентирање се реконструира и пошироката слика на општество од социјален, идеолошки и религиозен аспект. Звездана Ангеловска својот лик го надградува со користење и на музички средства, во секој миг беше посветена и уверлива во својата креација на ликот, актерски моќна и стамена. Трансоформациите на ликот го покажуваат актерскиот дијапазон на Ангеловска, дијапазон со океанска длабочина и небесна широчина! Таа манифестираше модерен актерски израз во контекст на актуелниот глобален општествен миг, рече Пешевска.

Ангеловска не присуствуваше на доделувањето на наградата, која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра. Според директорот на Фестивалот, Ванчо Ристов Патриков, наградата ќе и биде врачена дополнително.

Инаку, Звездана Ангеловска по втор пат ја добива наградата „Ристо Шишков“. Прв пат ја доби во 2003 година и досега е единствена која два пати се закитува со ова признание.

Би можело да ве интересира

Со доделување на наградата за високо актерско достигнување вечер завршува ФКТ „Ристо Шишков“

Ана Ололовска

Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ продолжува утре

Отворен Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“

А1он

Објавена програмата за 29. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“

Ана Ололовска

Наградата „Ристо Шишков“ за актерката Александра Пешевска

Ана Ололовска

Кумановскиот театар со „Телефонот на мртовецот“ утре ќе настапи на фестивалот „Ристо Шишков“

Ана Ололовска