Почнува 31-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“

Од:

Триесет и првото издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ традиционално почнува на 8 септември, на Денот на независноста, а годинава на програмата се десет остварувања од земјава, Бугарија и Словенија.

Завесата на ФКТ „Ристо Шишков“ вечер ќе ја кренат актерите од велешкиот театар „Ј.Х.Џинот“ со претставата „Татко“ од Флоријан Зелер, во режија Ненад Витанов.

-Имаме сериозна програма со претстави од европски фестивали. Публиката ќе ужива во повеќе жанрови-од алтернативни претстави, претстави кои го испитуваат мислењето на граѓаните, претстави кои дават сила актерот да ужива и да ја презентира својата моќ на сцената, рече директорот на Фестивалот, Ванчо Ристов Патриков.

Фестивалското жири, кое ќе одлучува за единствената награда за највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, кое се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, ќе го предводи ланската лауретка, актерката, Дарја Ризова, писателот и професор на ФДУ, Иван Додовски и актерката Мими Таневска.

Во рамките на Фестивалот ќе се одржи промоција на книгата „Аспекти на камерниот театар“ од Тодор Кузманов и Гоце Ристовски, а промотор ќе е Јоана Шишкова.

Фестивалот се одржува од 8 до 13 овој месец во Центарот за култура „Антон Панов“ со финансиска поддршка од Министерството за култура и Општина Струмица.

Би можело да ве интересира

Актерот Јордан Симонов е лауреатот на 31. ФКТ „Ристо Шишков“

МНТ со „Лагата“ учествува на 31. издание на фестивалот „Ристо Шишков“

Дарја Ризова најдобра актерка на фестивалот „Ристо Шишков“

Катерина Ѓуровски

Наградата „Ристо Шишков“ за Звездана Ангеловска

Ана Ололовска

Со доделување на наградата за високо актерско достигнување вечер завршува ФКТ „Ристо Шишков“

Ана Ололовска

Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ продолжува утре