Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ ќе се одржи на отворено

Од:

Дваесет и осмото издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ годинава ќе се одржи на отворено, во Градскиот парк во Струмица од 8 до 13 септември, соопштија организаторите.

Фестивалот традиционално почнува на Осми Септември, Денот на независноста.

-Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ Струмица, ќе се одржи на отворено на сцената на „Струмица опен Фест 2020“ во Градскиот парк и со ограничен број посетители, согласно владините мерки и протоколи, информира Ванчо Ристов Патриков, директор на Фестивалот.

До почетокот на фестивалот ќе се уредат и постават сите потребни елементи за одигрување на претставите на отворено, а утревечер ќе настапат актерите на Струмичкиот театар „Антон Панов“ со претставата „Умри машки“ од Алдо Николај, во режија на Кире Георгиев.

Во официјалната програма е планирано да се одиграат седум претстави од исто толку театри, исклучиво од земјава. Заради пандемијата ќе нема претстави од странство.

Фестивалската жири-комисија ќе ја предводи минатогодишниот лауреат, хрватскиот актер Драшко Зидар, кој онлајн ќе ги следи изведбите на претставите.

На ФКТ „Ристо Шишков“ се доделува само една награда за најдобро актерско остварување. Таа се состои од парична награда во износ од 1.500 евра, ланче и златен медалјон со ликот на патронот на фестивалот, Ристо Шишков.

Во рамки на Фестивалот планирано е на 11 септември да се одржи и етно-концерт насловен „Беломорско патување“ на струмичанецот Филип Ричлиев и пријателите.

Би можело да ве интересира

Актерот Јордан Симонов е лауреатот на 31. ФКТ „Ристо Шишков“

Почнува 31-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“

МНТ со „Лагата“ учествува на 31. издание на фестивалот „Ристо Шишков“

Дарја Ризова најдобра актерка на фестивалот „Ристо Шишков“

Катерина Ѓуровски

Наградата „Ристо Шишков“ за Звездана Ангеловска

Ана Ололовска

Со доделување на наградата за високо актерско достигнување вечер завршува ФКТ „Ристо Шишков“

Ана Ололовска