Фестивалот „Movies that Мatter” со филмска проекција во УГД- Штип

Од:

Во рамки на фестивалот „Movies that Мatter“ денеска во Мултимедијалниот центар на Универзитетот Гоце Делчев во Штип ќе биде прикажан филмот „Layla, M.“ на режисерката Mijke de Jong.

Во филмот се прикажува приказна за млада холанѓанка со мароканско потекло која се мажи за млад човек кого го запознава на интернет.

По проекцијата на филмот, како што соопштуваат од Хелсиншкиот комитетза човекови права, ќе следи дискусија со професорката Јана Јакимовска, извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска и Тања Стоименовска, во улога на модераторка на дискусијата.

Годинешното издание на фестивалот „Movies that Matter“, организиранo од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права и Амбасадата на Кралството Холандија, почна на Меѓународниот ден на човековите права и продолжува со филмски проекции во неколку градови низ републиката.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата