Фестивал на современ танц и театар во Битола

Од:

Фестивал на современ танц и театар на кој специјален гостин ќе биде реномираниот танчер и кореограф Милош Софреновиќ, ќе се одржи од 15 до 22 јуни во „Интимен театар“ во Битола. Во тек на една недела, публиката ќе може да погледне шест претстави меѓу кои и ексклузивна изведба на WIL(L)HELM – THE ANATOMY OF WILL на Софреновиќ.

Делото премиерно беше прикажано на почетокот на месецов на Dance week во Загреб, Хрватска додека втора земја во која ќе се игра е Македонија.

Дел од фестивалската програма се и четири работилници. Отворени се за актери, танчери, кореографи и студенти на факултетите за уметност освен една која е наменета за деца до 13 години.

Софреновиќ кој се школувал на Trinity Laban Conservatoire во Лондон, а моментално живее во Виена, ќе одржи тридневен воркшоп на тема „Односот помеѓу невербалниот и вербалниот сценски израз во театарот“. Исто така искусните македонски танчери и кореографи Викторија Илиоска, Климент Попоски и Кире Миладиновски ќе ги споделат своите искуства на три други бесплатни работилници.

Би можело да ве интересира

Јубилеј во Битола – 80 години од првиот наставен час на современ македонски јазик

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Два дена по ред Битола е најзагаден град во Македонија

Утринава најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма